Некогаш му припаѓал на криминалец, а сега служи за спасување на животи

Супермен

17/03/2021

16:26

1.477

Големина на фонт

а а а

Португалската Републиканска национална гарда добила моќно засилување. „Nissan GT-R“ кој претходно бил запленет во полициска акција и одземен на сопственикот со подебело досие, сега има благородна улога.

Скапоцениот спортски автомобил нема да му биде вратен на сопственикот, ниту ќе биде уништен, како што се прави во некои земји во слични случаи. Тој бил обоен во службените бои на гардата, но спротивно на очекувањата нема да биде користен за церемонијални цели, ниту ќе ги брка оние кои го прекршиле законот – наместо тоа, добил важна улога во спасување на животи.

GNR a Salvar Vidas


A Guarda pode contar agora com mais duas viaturas de alta cilindrada, apreendidas em processos-crime...

Posted by GNR - Guarda Nacional Republicana on Wednesday, March 10, 2021

Овој „суперспортист“, кој благодарение на 3.8 V6 твин-турбо моторот од околу 500 коњски сили е способен да забрза до 100 км/ч. за нешто повеќе од 3 секунди, своите перформанси ќе ги стави на располагање за благородни цели – ќе се користи за транспорт на органи за трансплантација. Во таквите ситуации, брзината е исклучително важна, па нема сомнеж дека „GT-R“ е одличен кандидат за ваквата задача.

Инаку, во изминатите 10 години, Републиканската национална гарда помогнала во транспорт на дури 2.836 органи, а притоа прешла нешто повеќе од половина милион километри.

Како што се наведува, „GT-R“ ќе продолжи да ја извршува оваа благородна должност на подрачјето на Порто и Лисабон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk