[ВИДЕО] Тој има брдо пари, а таа 24 години: Снимка од милионер и девојка која може да му биде внука го згрози светот, а еве кои се тие двајца

Супермен

06/04/2026

16:30

1.054

Големина на фонт

а а а

Викторија Шевченко, 24-годишна манекенка, и Питер Кениг, 72-годишен австриски милијардер, станаа тема број еден откако се појави вирална снимка од Монако во која парот влегува во луксузен автомобил и веднаш предизвика лавина коментари.

На мрежите веќе ги нарекуваат „дедо и внука“, но, се чини, тоа воопшто не ги допира.

Разликата од 48 години можеби делува како шок за многумина, но парот очигледно ужива во врската, не обрнувајќи внимание на коментарите. А коментари има и тоа како.


„Кога си богат, не можеш да бидеш стар“

Снимката што предизвика бура ја прикажува Викторија како стои покрај улица, очигледно незаинтересирана за додворувач, сè додека не се појави едно „Porsche 911“. Тогаш сè се менува – манекенката за секунда влегува во автомобилот.


Веднаш почнаа гласини – дали тоа бил моментот кога се запознале или станува збор за наместена сцена? Без оглед на вистината, коментарите експлодираа: „Ако си богат, не можеш да бидеш стар“, „Каде да застанам за ваков дедо да се паркира покрај мене?“, „Неколку години ќе го трпи и ќе стане среќна вдовица“.


Секако, имаше и поостри осуди: некои се прашуваат како девојката можела „да падне толку ниско“ и дали воопшто е свесна колкава е разликата во години.

Кои се Викторија и Питер навистина?

И додека за Викторија Шевченко на интернет нема многу информации освен дека се занимава со моделинг, за Питер Кениг се знае повеќе, барем кога станува збор за неговиот приватен живот.

Претходно бил во брак со Леона Кениг, позната австриска ТВ-водителка, која од него била помлада 30 години. Во редок коментар за медиумите, таа еднаш изјавила: „Питер го привлекува карактерот, а не парите“.


Денес, поранешниот пар ја има ќерката Коко, со која неодамна биле фотографирани Питер и Викторија заедно, што дополнително ги поттикнува шпекулациите дека врската не е само минлива.

Иако папараците веќе ги уловиле заедно повеќепати на улиците на Монако и европските метрополи, коментарите на странските корисници стануваат сè поостри. Наводно, поради бранoт негативни реакции, Викторија почнала да ги избегнува камерите и повеќе не споделува содржини од приватниот живот.

Во меѓувреме, многумина сè уште се прашуваат дали сето ова е маркетиншки трик, пародија на социјалните мрежи или навистина љубов надвор од стандардните рамки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk