„Porsche“ и оваа година ќе им исплати бонус од соништата на сите 36.000 работници

Супермен

26/03/2021

18:33

5.373

Големина на фонт

а а а

„Porsche“ потврди дека и оваа година ќе им исплати голем бонус на своите вработени.

И покрај кризата, па дури и фактот дека работниците со недели не работеа поради пандемијата и производството беше ставено на пауза, од компанијата се задоволни од своите деловни резултати. А тоа задоволство одлучиле да го споделат со сите работници, и тоа на многу опиплив начин.

Сега веќе традиционално, „Porsche“ во април им исплаќа бонуси на своите вработени во износи за кои повеќето други работници можат само да сонуваат. Така, сите работници оваа година ќе добијат бонус од 7850 евра.


Иако ова е значително помалку од близу 10.000 евра што ги добија минатата година, тешко дека некој од тие 36.000 работници ќе биде незадоволен.

„Porsche“ низ пандемијата досега поминува значително подобро од останатите членови од „VW“ групата. Приходите се рекордни, а бројот на продадени автомобили и профитот се само во мал пад, првенствено благодарение на одличната продажба на кинескиот пазар.


Деловната 2020 година има рекорден промет – вредноста пораснала на 28,7 милијарди евра и ја надминала вредноста од претходната година за повеќе од 100 милиони евра. Ширум светот, „Porsche“ испорачал 272.000 возила (-3%), додека во Европа се вкупно испорачани 80.892 возила.

Оперативниот резултат изнесува 4,2 милијарди евра. Во претходната година, тој изнесувал 4,4 милијарди евра односно 3,9 милијарди евра по посебните ставки. Оперативната маржа на добивка во 2020 година изнесувала 14,6 отсто.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk