Дали би издржале 24 часа без технологија? Оваа компанија им плаќа на луѓето да го проверат тоа

Супермен

30/03/2021

14:25

1.542

Големина на фонт

а а а

Денес е тешко да се замисли животот без мобилни телефони, меѓутоа како би изгледало тоа на 24 часа?

Компанијата „Reviews“ е спремна да ви плати и да го проверите тоа, па одржува „Digital Detox Challenge“ каде на среќните учесници ќе им бидат платени 2400 долари да бидат 24 часа без технологија.

Оние кои ќе се пријават, ќе добијат одредено место како сеф каде ќе можат да ја остават целата своја технологија на 24 часа и да одберат ден во неделата кој најмногу им одговара за да го започнат својот предизвик без екрани.


Технологијата која не е дозволена не вклучува микробранова печка, но вклучува телефони, таблети, паметни часовници, ТВ, гејминг конзоли, компјутери, лаптопи или било какви други паметни уреди во домот.

На крајот на предизвикот, учесниците ќе ги приложат своите „screen time“ извештаи од телефоните за да докажат дека не ги користеле во текот на еден ден.

Овие предизвици се одржуваат во Америка и Австралија, а можат да учествуваат сите над 18 години и секој кој е веќе уморен од работа, бесцелно листање на социјални мрежи, постојано гледање серии или играње видео игри без престан.

Дали би го издржале овој „експеримент“?


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk