[ФОТО] Секс бомбата ја призна врската со 14-години помладиот фраер? Со селфи и порака ги разгоре мрежите

Супермен

17/12/2025

19:29

630

Големина на фонт

а а а

Со месеци се шушка за новата врска на Софија Вергара, за која таа не зборува ништо, но се труди преку социјалните мрежи дополнително да ги поттикне гласините.

Познатата актерка Софија Вергара (53) редовно споделува делови од својот приватен живот на социјалните мрежи, а гласините за нејзината нова врска се сè почести. Младиот претприемач Даглас Шабот (39) уште од мај е во нејзино друштво, а најмногу внимание привлече кога се појави на прославата на роденденот на убавата Колумбијка.

Од првиот момент кога беа видени заедно – гласините за новата врска на Софија Вергара не престануваат. Сепак, таа во ниту еден момент не потврди дали пронашла ново момче или 14 години помладиот Чабот е само нејзин пријател.


За сè да биде уште поинтересно, се погрижила и раскошната убавица со честите објави на кои се појавува маркантниот убавец, а со оваа последна дополнително ги разбранува социјалните мрежи.


Кога објавила селфи заедно со Чабот, многумина во коментарите заклучиле дека тоа сега е и официјално, но Софија останала мистериозна до самиот крај.

Во меѓувреме, странските медиуми „не се смируваат“ и сите пренесуваат дека со ова селфи Софија сепак ја потврдила новата врска.


„Те сакам“, напишала таа во описот на шпански јазик, но сè уште не е разјаснето дали тоа било само пријателски или пак жешката Колумбијка сепак има ново момче.

И овој пат, покрај момчето, во фокусот беа и нејзините гради, па имало и коментари: „Блазе си му кога е со таква убавица“, „Дали прво да гледам во овој фраер или нејзиното деколте?“.


Софија Вергара е на мета на бројни додворувачи по разводот од Џо Манганиело, со кого помина седум години во брак. И двајцата продолжија понатаму, но останаа во пријателски односи, при што Џо веќе пронајде нова љубов и наскоро ќе застане на лудиот камен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk