Нè помеша со Украина, но потоа се снајде: Познатиот Јутјубер „PewDiePie“ го „посети“ Скопје

Супермен

09/04/2021

14:46

1.676

Големина на фонт

а а а

Феликс Арвид Кјелберг, попознат во светот како „PewDiePie“, постојано ги забавува своите следбеници со разни игри и предизвици.

Неодамна, на еден од неговите стримови во живо, „PewDiePie“ ја играше играта „GeoGuessr“ која преку „Google Maps“ и „Google Street View“ ве носи на одредено место во светот, а вие треба да погодите каде се наоѓате, односно во кој град и држава.

Во текот на стримингот, на популарниот Јутјубер му се „падна“ Скопје, по што имаше големи потешкотии во снаоѓањето.

„PewDiePie“ најпрвин мислеше дека се наоѓа во Украина, а потоа мислеше дека знаците околу се со руско писмо. На крајот се снајде преку знакот „МК“ на еден автобус на „ЈСП“, па барајќи на мапата за која земја може да станува збор, ја погоди Македонија.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk