Домашен пица бурек од готови кори: Пециво со богат фил во кое сите ќе уживаат

Точка

09/04/2021

16:00

4.030

Големина на фонт

а а а

На овој неодолив вкус одново и одново ќе му се враќате.

Потребни состојки:

- готови кори
- сос од домати
- оригано и босилек
- 2 супени лажички маслиново масло
- малку сол
- 300 гр. рендан кашкавал
- 300 гр. сецкана шунка

За премачкување на корите:

- 200 мл. минерална вода
- 150 мл. масло за јадење

Начин на припрема:

Во намастена тава за печење ставете 4 кори една врз друга, а една кора превиткајте ја на 4 дела и ставете ја во средината.

Врз корите ставете малку од мешавината од минерална вода и масло, а потоа ставете една кора во средината и додајте малку од доматниот сос заедно со зачините. Врз него додадете малку од мешавината од масло и вода и додајте го ренданиот кашкавал и шунката.

Превиткајте ги корите одозгора и премачкајте ги, а потоа додавајте ги истите состојки како претходно се додека не ги потрошите.

Печете на 180 Целзиусови степени 30-35 минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг