Тејтум како Лери Бирд, нов трипл-дабл на Јокиќ

Макфакс

10/04/2021

12:33

479

Големина на фонт

а а а

Џејсон Тејтум и Никола Јокиќ ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата, во која се одиграа девет натпревари.

Тејтум, во победата на Бостон Селтикс над Минесота Тимбервулвс 145:136, постигна 53 поени, на кои придодаде 10 скока. Тејтум стана првиот играч на Селтикс, кој по 32 години успеал на еден натпревар да забележи 50 поени и 10 скока. Последен кој имаше вакви бројки е легендарниот Лери Бирд.

Јокиќ, со трипл-дабл ги предводеше Денвер Нагетс до победа 121:119 над Сан Антонио Спарс. Јокиќ забележа 26 поени, 13 скока и 14 асистенции. Српскиот центар го забележа 13. трипл-дабл во сезоната, а Денвер ја запиша осмата победа во низа.

Во оваа статистичка категорија пред Јокиќ се наоѓа само Расел Вестбрук од Вашингтон Визардс. Против Голден стејт, тој го забележа 19.трипл-дабл во сезоната (21 поен, 12 скока, 14 асистенции). Визардс ги победија Вориорс со 110:107. Кај Вориорс со 32 поени се исткна Стеф Кари.

Њу Орлеанс Пекиланс славеа победа над Филалделфија 101:94. Блескаше Зајон Вилијамсон со 37 поени, 15 скокови и осум асистенции.

Резултати:

Орландо-Индијана 106:111

Њујорк-Мемфис 133:129

Атланта-Чикаго 120:108

Милвоки-Шарлот 119:127

ЛА Клиперс-Хјустон 126:109



Спонзорирани линкови

Маркетинг