Џеф Безос, основачот на компанијата „Амазон“ воедно е и најбогатиот човек на светот.
„Форбс“ неговото богатство го проценува на повеќе од 180 милијарди долари, а од неговото искуство секако дека може да извлечеме многу лекции.
1. Твојата граница е мојата шанса.
2. Доколку одлучиш да работиш само на работи за кои што знаеш дека ќе успееш, оставаш многу неискористени шанси на маса.
3. Доколку сакаш да правиш нови работи, мора да бидеш подготвен да не бидеш сфатен.
4. Поминувате ли време сонувајќи за денот кога ќе имате повеќе пари? Дури и доколку ова сценарио се оствари не мора да значи дека резултатот ќе биде ослободувачки. Повеќе пари не значат и повеќе проблеми. Најдобрите идеи најчесто се раѓаат покрај проблемите, а не од комфор.
5. Луѓето кои што речиси секогаш се во право се луѓе кои што често го менуваат мислењето.
6. Една од големите грешки кои што луѓето ги прават е тоа што се обидуваат насила да се интересираат за одредени работи. Ти не ги бираш твоите страсти, твојата страст те бира тебе.
7. Еден од начините да излелете од кутијата е да смислите ваш пат надвор од неа.
8. Паметот е подарок, љубезноста избор.
9. Често прашање во врска со бизнисот е - зошто? Тоа е добро прашање, но еднакво важно е и - зошто да не?
10. Опасно е да не се развиваш.
11. Доколку ги дуплираш експериментите во текот на годините, ќе ја дуплираш и иновативноста.
12. Доколку не сте тврдоглави, прерано ќе се откажете од експериментот. А доколку не сте флексибилни, ќе ја удрите главата од ѕид и нема да ги гледате можностите за решенијата на проблемите. Бидете тврдоглави околу визиите, но и флексибилни околу деталите.
13. Секогаш треба да гледате кон иднината.
14. Животот е прекраток за да го поминувате со луѓе кои што не се снаодливи.
15. Брендот за компанијата е како репутација за личноста. Репутацијата ја градиш така што се обидуваш добро да направиш некои тешки работи.
16. Доколку не сакаш да те критикуваат немој да правиш ништо ново.
17. Работи многу, забавувај се и создавај историја.