Куман по киксот на Барселона: Не е нормално да примиме три гола во едно полувреме

Дерби

12/05/2021

10:22

1.388

Големина на фонт

а а а

Роналд Куман и Барселона освоија само бод на гостувањето кај Леванте, а овој резултат може да се покаже и како пресуден во битката за шампионската титула.

Тренерот на Каталонците смета дека неговата екипа го загубила интензитетот во вториот дел, а резултат на тоа се дури три примени погодоци.

– Тешко е да се објасни ваков пораз.

– Бевме подобар тим во првиот дел, но во вториот го загубивме интензитетот. По 2:2 реагиравме добро, но не игравме како што е потребно во одбрана. Не е нормално да се примат три гола во едно полувреме, посебно не за екипа како Барселона.

– Тешко ми е да разберам зошто не ги покривавме добро нивните напаѓачи, а со нашиот послаб пристап во вториот дел му дадовме крилја на противникот, – изјавил Куман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг