Недозволиво или совршено? Сара Џесика Паркер во евтин фустан за кој не сме сигурни дека би го носела и Кери Бредшо

Точка

30/07/2021

18:55

4.451

Големина на фонт

а а а

Сите кои ја гледале популарната серија „Сексот и градот“ добро знаат дека Кери Бредшо, која ја толкува Сара Џесика Паркер, секогаш е врвно стилизирана.

Од скапа гардероба до уште поскапи дизајнерски чевли, Кери била главна трендсетерка која сите модни трикови од екраните ги пренесуваше во реалноста.


Баш тој факт направи многу од обожавателите на Сара да бидат изненадени кога ги гледале нејзините најнови модни изданија од снимањето на серијата.


Сара Џесика Паркер уште еднаш прошетала по улиците на Њујорк, а како што било откриено на Инстаграм профилот кој се занимава со стајлинзи од серијата, носела пристапно модно парче од брендот „Forever 21“.


Станува збор за бренд кој и жените на овие простори можат да си го дозволат, а неретко во нивната понуда се наоѓаат и фустани кои чинат околу 20-на долари.

Кери носела макси фустан со интересен дезен, а стајлингот го направила поефектен поради тоа што под фустанот носела парче кое мора да го имате во гардероберот - сина кошула.

Покрај нив, носела и сандали „Lana Non Stop Disco“, кој ги потпишува „Terry de Havilland“, а чинат 275 долари.

Очигледно дека најскапиот аксесоар кој го носела е чантата од брендот „Gucci“.

Што мислите вие?



Спонзорирани линкови

Маркетинг