"Лада Нива" доби погон на струја - и воопшто не е скапа

Точка

23/08/2021

16:48

29.117

Големина на фонт

а а а

Една германска компанија врши конверзија на рускиот теренец во електрично возило.

Лада Нива се вбројува меѓу најевтините теренци во Европа, а по повеќе од четири децении колку што е присутна на пазарот, добила и електрична верзија.

Сепак, не е "AvtoVAZ" оној кој одлучил да го модифицира погонскиот систем на Нива, туку тоа го направила помалку познатата германска компанија "Elantrie", поттикната од експанзијата на возилата на струја.


Со оглед на тоа дека рускиот теренец секако е евтин, Германците не сакале премногу да го оптоварат буџетот на потенцијалните купувачи, па и конверзијата е повеќе од пристапна.

Наместо фабрички бензинец со 83 коњски сили, вграден е електромотор од 88 коњски сили.


Електричната енергија се чува во литиум-јонска батерија со капацитет од 30kWh, која е поставена таму каде претходно бил резервоарот за гориво.

Во компанијата "Elantrie" тврдат дека автомобилот е во состојба со полна батерија да мине меѓу 130 и 300 километри, во зависност од начинот на возење, теренот по кој се движи и временските и климатски услови.


Произведувачот наведува дека батеријата по 450.000 минати километри, или 9.000 циклуси на полнење, ќе задржи 80% од почетниот капацитет.

Електричната Нива има и некои практични содржини, како што е штекер од 220 V во багажникот, кој може да им послужи на камперите и авантуристите кои со ова возило ќе тргнат "далеку од асфалтот".


Германската компанија докажала и дека електричниот автомобил не мора да биде скап, со оглед на тоа дека конверзијата чини околу 2.800 евра, доколку веќе поседувате Нива, додека вкупната цена на ова возило со вградени електрични компоненти е 19.900 евра.

За љубителите на евтини автомобили на струја, вреди да се нагласи дека истата компанија нуди можност за преработка на струја на моделот "Dacia Sandero".




Спонзорирани линкови

Маркетинг