"Rimac Nevera" се појавила на оглас: Колку треба да издвоите за хрватскиот електричен хиперавтомобил

Точка

27/08/2021

16:54

32.293

Големина на фонт

а а а

Откако шефот на продажбата на "Rimac Automobili" неодамна изјавил дека останале уште неколку слободни примероци, многумина се прашувале дали "Nevera" воопшто може да се купи, односно подобро кажано, да се нарача.

"Rimac Nevera" наводно е многу барано возило, но еден примерок судејќи по се е слободен за купување или нарачување.

Планирано е производство на само 50 автомобили годишно во наредните три години, а судејќи според големиот интерес, американската турнеја постигнала одличен резултат, пишува "Index.hr".

Како и да е, еден примерот се појавил во понуда на интернет, а го нуди "Luxury Car Consulting" од Франција. Како што објавил "James Edition", за возилото треба да се издвојат 2,1 милиони евра.


Во огласот пишува дека се нуди едно место во редот за нарачка, а условот е потенцијалниот купувач да "потврди дека има дебел паричник".

Понатаму се објаснува дека "Nevera" е наречена по моќниот ветер, како и дека нуди неверојатна брзина, забрзување и сила над сите очекувања.

""Nevera" е проектирана и рачно изработена во Хрватска, направена од љубов кон автомобилите, "Nevera" е создадена за победа", стои во описот на автомобилот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг