Го прашале Гвардиола дали би го довел Роналдо доколку Јунајтед не се вмешаше: Менаџерот дал одговор кој нема да му се допадне на Португалецот

Супермен

30/08/2021

12:24

7.421

Големина на фонт

а а а

Менаџерот на Манчестер Сити се осврнал на неодамнешното заминување на Роналдо во Манчестер Јунајтед.

Кристијано Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед и потпиша договор со кој ќе стане најплатениот играч во Премиер лигата.

Една од легендите на Јунајтед, Гери Невил, верува дека тој стигнал во клубот само за да ги „замолчи навивачите“, а постоела и можност претходно да заврши во Манчестер Сити. Сепак, менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, баш и не верува во тоа.

Роналдо минатиот петок потпиша 2-годишен договор со клубот за кој играше од 2003 до 2009 година, и покрај претходните пишувања на медиумите дека е близу трансфер во Манчестер Сити.


Некои поради тоа и го запалиле дресот на Роналдо од времето додека играше за Јунајтед во првиот мандат, но Пеп Гвардиола со една порака јасно покажа дали имало шанси Португалецот да заигра во неговиот тим.

На прашањето дали Сити би го довел Роналдо доколку Јунајтед не се вмешаше, Гвардиола направил долга пауза и одговорил:

„Не би рекол“, јасно порачал Шпанецот и со тоа ставил точка на целата приказна.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk