Култните автомобили од последниот "Mad Max" пристигнуваат на аукција

Точка

10/09/2021

18:48

32.655

Големина на фонт

а а а

Во понудата ќе бидат сите возила од последното продолжение на легендарниот серијал "Mad Max".

Минаа шест години од премиерата на последното продолжение од серијалот за "Mad Max", за кој многу критичари тврдат дека е најдобар филм во последните неколку години. Како и да е, "Fury Road" е фантастичен акционен филм, уште еден во кој многу запазена улога имаат специјално подготвените возила.


Секако, "Ford Falcon" бил и останал најпрепознатлив автомобил во серијалот, исто како што "Aston Martin" е првото возило на кое ни текнува кога ќе се спомене Џејмс Бонд. Меѓутоа, креативните автомобилски решенија кои ги гледавме во апокалиптичните сцени, сега одат на аукција која на крајот на месецот ја организира куќата "Lloyds".


Па, доколку сте фан, и имате доволно пари и простор, ова е единствена можност да станете сопственик на барем едно од фасцинантните возила од постапокалистичната иднина каква што ја замислува Џорџ Милер.


Во понудата се сите, од "Doof Wagon" на основа на военото "MAN KAT1 8x8" возило, преку "Falcon Coupe", кој е темелно преработен за да се носи со тежок терен. Ни останатите нема да ве разочараат, од "Gigahorse" кој го придвижува "V16" мотор, "War Rig" со погон на шест тркала и многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг