Куман не можеше да поверува: Депај со атрактивен потег сакаше да постигне гол, но само успеа да заврши на социјалните мрежи

Супермен

21/09/2021

09:39

8.266

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Барселона и Гранада одиграа нерешено, а по мечот многумина го коментираа обидот за атрактивен шут на Мемфис Депај, кој стана хит на социјалните мрежи.

Во натпреварот од петтото коло на шпанското првенство, гостите во водство ги доведе Домингос Дуарте во втората минута, а бодот на каталонската екипа му го донесе Роналд Араухо во 90-та минута.

Меѓутоа, пред крајот на првото полувреме, Депај имаше шанса да ја затресе мрежата, кој со атрактивен потег се обиде да ја внесе топката во голот, но се што успеа е да заврши на социјалните мрежи.

Погледнете го потегот за кој зборува фудбалскиот свет, но и реакцијата на Куман која е вистински хит:

На табелата на шпанската Примера, Барселона го зазема седмото место со 8 бода, додека Гранада е 17-та со 3 бода.

Во следното коло, Барселона гостува кај Кадиз, а Гранада ќе ги дочека Реал Сосиедад. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk