Се продава поршето на Пабло Ескобар

Точка

07/10/2021

21:36

25.816

Големина на фонт

а а а

Ви го претставуваме "1974 Porsche 911 Carrera 3.0" моделот кој воопшто не наликува на ниеден друг и би можел да биде продаден за цена повисока од еден милион долари на претстојната он-лајн аукција.

Посебниот "911" првобитно се натпреварувал на "International Race of Champions" во 1974-та година, кога со него управувал двојниот "Indy" i "Formula 1" шампион Емерсон Фитипалди.

Кратко после тоа, оваа машина му била продадена на Роџер Пенскеи и истата година завршила во гаражата на тркачите Џон Тунстал и Чарли Кемп.


Меѓу 1974-та и 1978-ма година, овој пар се тркал со овој автомобил на настани како што се "Lime Rock Park", "Talladega", "Road Atlanta", "Mid-Ohio", "Road America" и "Mid-America". Тој исто така се појавил и на "24 Hours of Daytona" и "12 Hours of Sebring" трките за издржливост, каде завршил на 23. место.

Уникатниот "911 Carrera 3.0 RCR" потоа му бил продаден на нарко-босот Пабло Ексобар, кој се тркал со него на бројни настани во својата земја.


Аукциската куќа "Listing Collecting Cars" потврдила дека овој модел е вратен во САД по смртта на Ескобар и дека неговата каросерија е вратена во оригиналната состојба.

Овој модел минал низ целосен процес на реставрација меѓу 2007-ма и 2010-та година и од тогаш тој бил изложуван на многу настани на кои освоил многу награди.




Спонзорирани линкови

Маркетинг