31-годишната Агата Исабела Сентасо е успешна фудбалерка на Венеција.
Уште како дете, Сентасо имала голема љубов кон фудбалот и благодарение на своите брат и татко, често посетувала фудбалски натпревари.
„Прекарот „Ѕвер“ ми го даде мојот татко кога бев доста млада. Бев многу темпераментна како дете, што подоцна се рефлектираше и на фудбалскиот терен“, раскажала таа за медиумите.
Агата вели дека иако родителите ја носеле на часови по балет и хор, топката била таа која го одбележала нејзиното детство и живот:
„Идејата девојче да игра фудбал не беше толку честа. Морав да проаѓам низ многу нешта пред моето училиште да прифати да играм со момчињата“.
Покрај фудбал, Сентасо тренира бокс и тенис и е посветен социјално-здравствен работник кој се занимава со овозможување помош на лица со интелектуални потешкотии, пренесува „La Nuova Venezia“.