Познат аналитичар на „Apple“ тврди дека „iPhone“ ќе исчезне за 10 години: Компанијата ќе го замени со AR технологија

Супермен

26/11/2021

17:48

10.617

Големина на фонт

а а а

Реномиран аналитичар тврди дека „iPhone“ ќе постои уште 10 години, по што „Apple“ ќе го замени со AR технологија.

Не е првпат да слушаме како аналитичарите го спомeнуваат крајот на „iPhone“ ерата, но тие не се единствените кои размислуваат во таа насока. Веќе неколку години „Apple“ ја менува својата стратегија во областа на хардверот и софтверот.

Иако „Apple“ е највредната компанија на пазарот, извршниот директор Тим Кук е свесен дека бизнисот на истата не може да се потпира на еден производ. Моментално, половина од заработката на „Apple“ доаѓа од продажбата на „iPhone“.


Ова е само една од причините зошто Минг-Чи Куо, реномиран аналитичар на „Apple“ екосистемите, верува дека иднината на компанијата ќе биде поврзана со аугментираната реалност (AR) и успехот на „Apple AR“ очилата.

Целта на „Apple“ е да го замени „iPhone“ со AR технологија за 10 години, што сугерира дека побарувачката за AR и ABF уреди ќе надмине една милијарда примероци за 10 години.

Куо верува дека првите „Apple АR“ очила за кои веќе долго време се зборува, ќе работат без помош на „iPhone“ и дека токму тоа ќе овозможи производот да биде успешен.


Според неговите сознанија, очилата кои се очекуваат во текот на 2022 година, ќе имаат процесорска моќ на ниво на „MAC“ компјутер. Дизајнот на чипот ќе прави најголема разлика помеѓу очилата „Apple AR“ и конкурентните уреди.

Уредот би можел да биде опремен со два процесори, а ќе има и два Sony 4K micro OLED дисплеи кои ќе поддржуваат и виртуелна реалност (VR).


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk