Вкусни и достапни: 6 намирници кои ја подобруваат циркулацијата и се одлични за срцето

Точка

27/11/2021

12:25

16.990

Големина на фонт

а а а

Лошиот проток на крв може да предизвика болки, грчеви во мускулите, трнење, проблеми со варењето, студени раце и стапала.

Нормалната циркулација на крвта е еден од важните фактори за здрав живот. Лошиот проток на крвта може да предизвика многу проблеми во организмот.

Циркулацијата може да ја подобрите со редовно вежбање, прошетки, исфрлање на цигарите, доколку ја имате таа навика.

Иако за решавање на проблемите со циркулацијата често е потребна терапија, консумирањето на одредени намирници може позитивно да влијае на истата.

1. Риба

Истражувањата велат дека рибата е храна за срцето поради тоа што некои нејзини видови се богати со омега 3 масни киселини.

Оваа здрава маст ја поттикнува циркулацијата и го намалува крвниот притисок. Рибата е една од намирниците кои го подобруваат протокот на крвта и ги одржуваат артериите.



2. Ѓумбир

Ѓумбирот е познат по своите антибактериски, антимикробни и антисептички карактеристики кои го јакнат имунитетот. Тој е важен за периферната циркулација во телото затоа што спаѓа во редот на најдобри природни антикоагуланти.

3. Лук

Лукот е добро познат по своето благотворно дејство за циркулација и здравјето на срцето. Истражувањето покажува дека лицинот, кој го содржи белиот лук може да ја подобри циркулацијата и да го намали крвниот притисок.

4. Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи посебен вид на антиоксиданти познати како флавоноиди. Се наоѓа во овошјето и билките и овозможува зголемен проток на крвта. Консумирањето на темното чоколадо се препорачува во умерени количини затоа што секако содржи шеќери и масти кои влијаат на зголемување на телесната тежина.


5. Цитруси

Цитрусите се полни со витамин Ц и многу антиоксиданти. Консумирање на такви овошја како што се мандарините, лимонот, портокалот и грејпфрутот, го подобруваат здравјето на срцето и циркулацијата.

6. Јаткасти плодови

Производите како што се бадеми, ореви, лешници, кикиритки богати се со витамин Б3 или наицин кои директно се поврзани со подобрување на циркулацијата на крвта во телото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг