Идеја за најсочниот ручек: Запечен карфиол со павлака и кашкавал кој се топи во уста

Точка

27/11/2021

14:04

56.922

Големина на фонт

а а а

Сочно и вкусно јадење кое цело семејство веднаш ќе го засака.

Состојки:

- 1 карфиол;
- 100 милилитри млеко;
- пилешка коцка за супа;
- 250 милилитри павлака за готвење;
- 200 грама кашкавал;
- 2 лажици презла;
- прстофат сол;
- прстофат бибер;
- 1 лажица црвен пипер;
- 50 грама путер.


Подготовка:

Ставете го млекото да зоврие со половина литар вода и коцката за супа. Од карфиолот одвојте ги крупните делови, па ставете ги во течноста и варете 5 минути.

Садот за печење намачкајте го со путер, ставете ги парчињата карфиол, па додадете над нив рендан кашкавал и презла.


Прелијте со павлака, посолете, ставете бибер и црвената пиперка.

Печете 15 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг