Вистинско чудо од природата: Не постои подобар лек за намалување на крвниот притисок и холестеролот од овој чај

Точка

29/11/2021

16:51

27.241

Големина на фонт

а а а

Чајот од овес се користи за ублажување на многу симптоми и неправедно е занемарен во лекувањето. Само мал број луѓе се запознаени со неговите лековити својства.

Ова ситно зрно е богато со фитостероли – супстанции кои ги чистат крвните садови и спречуваат апсорбирање на холестеролот во телото. Овесот можете да го консумирате во облик на каша, но многу полесен начин е да подготвите чај.

Чајот од овес е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и крвните садови и го намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар.

Овесот се смета за многу моќно и благотворно средство за зајакнување на нервниот систем. Им се препорачува на оние кои страдаат од несоница, психички замор, анксиозност и депресија.


Билкарите дури го препорачуваат на лица кои боледуваат од мултиплекс склероза, како и на луѓе кои имаат чувствителни органи за варење.

Исто така, има својства кои се од корист за пациентите со карцином на дебелото црево. Особено е делотворен во намалувањето на несаканите последици кои можат да се појават при радиотерапија и хемотерапија.

Микроелементитe и флавоноидите со кои изобилува овесот го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат крвната слика.

Во едно истражување кое опфаќало 1540 професионални спортисти од Австралија било откриено дека секојдневната употреба на овес во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

Сите оние кои страдаат од покачен холестерол во крвта и крвен притисок треба да го вклучат овој чај во нивната исхрана.


Чајот од овес исто така се препорачува на лицата кои патат од егзема, имаат чувствителна кожа или чувствуваат интензивно чешање.

Еве како да подготвите чај од овес:

Потопете 5 супени лажици овес во 1 литар ладна вода и ставете го да се вари. Оставете го да врие 5 минути, а потоа да се олади. По желба засладете со малку мед и консумирајте го чајот во текот на денот наместо вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг