На наједноставен начин подгответе оброк во кој ќе уживате, а воедно и долго време ќе ве држи сити.
- 1 авокадо
- 2 кришки тост леб
- малку маргарин
- 2 јајца
- павлака
- сол
- бибер
- лук во прав
Прво потребно е да го потпечете лебот на тостер, но да не е премногу мек, ниту тврд. Потоа, со маслиново масло запржете ги јајцата, така што жолчките може да се разлеат.
Потоа, премачкајте ги кришките со една лажица павлака, а потоа кога ќе го отворите авокадото, пресечете го на парчиња и стевете го врз лебот.
Ставете ги пржените јајца врз кришките леб, каде што претходно сте ставиле зачини.
На здравје!