„Lexus“ најави нов електричен модел

Точка

04/12/2021

21:05

38.316

Големина на фонт

а а а

По моделот „UX 300e“, „Lexus“ подготвува уште еден електричен кросовер наречен „RZ“.

Сегашните најави велат дека во текот на следната година можеме да очекуваме нов електричен „Lexus“, како и дека ќе биде глобален модел, пишува „Autoblog“.

Како основа ќе послужи платформата „e-TNGA“ развиена за голем број модели на „Toyota“ и „Subaru“, додека дизајнот ќе биде инспириран од изгледот на концептот „LF-Z Electrified“ кој беше прикажан претходно оваа година.


Со овој концепт, „Lexus“ го најави својот нов правец и намерите за во иднина, односно почетокот на „следната генерација на Lexus“. До 2025 година, „Lexus“ ќе претстави 20 нови или модифицирани модели, вклучувајќи повеќе од 10 целосно електрични модели, хибридни и „plug-in“ хибридни возила.

За потсетување, „Lexus LF-Z Electrified Concept“ е долг 4880 мм, широк 1960 мм, висок 1600 мм, меѓуосовинското растојание изнесува 2950 мм, а располага со 400 kW/544 коњски сили и 700 Nm (автономијата со едно полнење на литиум-јонска батерија од 90 kWh изнесува 600 км).

Серискиот „Lexus RZ“ судејќи по сè нема да биде толку моќен, но се очекува да има повеќе од 215 коњски сили со колку располага „Toyota bZ4X“.


Дополнително, се споменува и погон на сите 4 тркала, фокус на перформансите и управувањето, како и одреден степен на автономно возење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг