Најплатениот Јутјубер во светот заработи повеќе пари од Меси, Леброн, Ѓоковиќ, Роналдо...

Супермен

14/01/2022

20:04

20.567

Големина на фонт

а а а

„Forbes“ ја објави листата на најплатени јутјубери во 2021 година.

На првото место се најде Џими Доналдсон, попознат како „MrBeast“.

Неговите видеа на Јутјуб бројат над 10 милијарди прегледи, а му донеле заработка од 54 милиони долари.

Така минатата година тој заработил повеќе од најдобрите спортисти во светот, како што се Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои заработиле по околу 40 милиони долари.

Џими го престигна 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи кој последните две години беше на врвот на листата.

На второто место се најде Џејк Пол, третото место го зазеде Маркиплиер, а потоа следи американската комичарска двојка Рет и Линк, па Нејтан Џонсон Грејем.


Истражувањата покажаа дека платформата Јутјуб во 2021 година имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.

Новинарот Крис Стокел Вокер вели дека Јутјуб денес сè повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавените содржини се квалитетни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk