Фото: Револтот поради депортацијата на Ѓоковиќ на една фотографија од Белград која сите ја споделуваат

Супермен

17/01/2022

08:39

26.210

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на планетата, Новак Ѓоковиќ, вчера беше депортиран од Австралија, а тоа предизвика револт кај неговите навивачи.

На социјалните мрежи се споделува фотографија на која се гледа перница со натпис „Австралија“ и навезен кенгур како е фрлена покрај контејнер.

Би кажале дека таквата сцена е последица на хумор, но и поради веста која ја дочека светот во неделата во утринските часови.

Како што знаеме, Федералниот суд ја потврди одлуката на Алекс Хок, министер за миграциски прашања, на Новак да му се укине визата.

Ѓоковиќ поради тоа мораше да го напушти Мелбурн, а поради тоа остана без одбрана на титулата, а и местото на АТП листата може да се промени.

Новак изјави дека до крајот на 30 јануари, односно крајот на Австралија опен нема да се огласува по прашањето за депортација, но дотогаш реакции како кенгурот што завршил во контејнер, веројатно ќе има повеќе.

Погледнете ја фотографијата:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk