Цело Милано во шок поради бизарните изданија на најзаљубениот пар во Холивуд: Си пијат крв еден од друг, а нејзиното лице...

Точка

17/01/2022

14:10

27.593

Големина на фонт

а а а

Меган Фокс и Машин Ган Кели се најпопуларната двојка во Холивуд во моментов, а пред неколку дена својата љубов ја крунисаа со свршувачка и тоа прилично бизарно, барем за повеќето луѓе.

Имено, откако познатиот рапер клекнал и ѝ подарил на Фокс прекрасен прстен кој самиот го дизајнирал, тие, верувале или не, си пиеле крв еден од друг!


И додека уживаат во својата љубов за која тврдат дека е кармичка и силна како цунами, уживаат и во бранот на слава и популарност во кои се најдоа, па се чести гости на сите фенси, гламурозни настани.

Така тие неодамна се појавиле на машката ревија на Долче и Габана за есен/зима 2022 година во Милано, и без сомнение биле ѕвездите на вечерта. Машин Ган Кели дури прошетал по пистата во улога на модел, облечен во црн комплет со циркони и многу накит и каубојки со светки. Ексцентрично, но и во неговиот препознатлив стил.


Згодната актерка не била ништо помалку невообичаено стилизирана, избрала многу секси комбинација, истакнувајќи ги своите атрибути. Меган избрала кожни панталони кои се вкрстуваат на ногавиците, а ги надополнила со исклучително провокативно црно боди од тантела со потписот на модната куќа D&G.

Прославената 35-годишна девојка додала многу блескави, малку кич детали од сребрени циркони - чанта и ремен, како и впечатливо чокер ланче. Сепак, нејзиното длабоко деколте 'фрлило' се во втор план, но и нејзиното лице кое практично е „замрзнато“. Токму тоа, покрај ексцентричното облекување, предизвикало коментари на социјалните мрежи.


„Изгледа исто како Ким Кардашијан“, „Премногу пластика на лицето“, „Убава е, но толку е и пластична - болно е за гледање“, „Овие двајца изгледаат како лоша верзија на Барби и Кен“, „Благодарение на најновите операции не ја препознав, нејзиното лице постојано се менува“, „Кога ќе ги споредам нејзините нови и стари фотографии, изгледала многу поотмено порано. Се променила покрај новото момче“, се само дел од негативните коментари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг