Овој витамин е клучен за здравјето по 50-та година, велат експертите: Еве во која храна го има најмногу

Точка

20/01/2022

08:45

18.815

Големина на фонт

а а а

Експертите велат дека без овој витамин телото забрзaно пропаѓа и старее.

Грижата за здравјето секогаш треба да ни биде приоритет, но по 50-те години потребно е малку повеќе внимание да посветиме на организмот и да воведеме некои здрави навики.

Витамините и минералите играат главна улога кога е во прашање здравјето, а витаминот Б12 им е неопходен на сите кога ќе влезат во зрела доба од животот.

Овој витамин е значаен за произведување на црвените крвни зрнца, ДНК, имунитетот, но и за здравјето на срцето и мозокот. Освен тоа го забрзува нашиот организам и спречува настанување на анемија.


Иако внесувањето на овој витамин е значајно во текот на целиот живот, експертите нагласуваат дека по 50-та година способноста на нашето тело да апсорбира полека се намалува, па се препорачува поголем внес на овој витамин од претходно.

Витамин Б12 најмногу го има  во следните намирници:

- црвено месо;
- јајца;
- риба;
- млечни производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг