И тоа се случи: Кинеска компанија тужи познат европски бренд поради копирање

Точка

26/01/2022

20:49

40.877

Големина на фонт

а а а

Досега во главно се случувало европски компании да тужат кинески произведувачи на автомобили поради кршење на авторски права во врска со дизајнот на нивните автомобили. Овој пат ситуацијата е обратна.

Кинеската "Human Horizons" го тужи "Renault" и неговиот подбренд "Mobilize" за кршење на авторските права поради сличноста на логотипот "Mobilize" и логотипот кој го користи одделението "Human Horizons HiPhi X".

"Human Horizons" на автомобилската сцена влегол пред неколку години со претставување на својот целосно електричен "HiPhi X". Станува збор за едно од најинтегрираните електрични возила лансирани во Кина, а на хаубата се наоѓа логото "HiPhi", кое се состои од вертикални линии со две закривени линии од двете страни.

Само неколку месеци по премиерата на "HiPhi X", "Renault" го претставил својот прототип "Mobilize E3-1". Тоа е радикално поинаков автомобил од "HiPhi X", но неговиот логотип исто така содржи вертикална линија окружена со две од секоја страна. Клучната разлика е што знакот на "HiPhi" е накривен за 45 степени, а линиите се малку поголеми.

Кинеската компанија смета дека сличностите меѓу знаците можеле да имаат влијание на нејзините планови за ширење во Европа, поради што поднела тужба до германскиот суд во октомври минатата година и од "Renault" бара да престане да го користи логотипот. Судскиот спор на двете компании моментално е во тек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг