Скандалозно видео! Поради овие зборови Медведев изјави: „Му го срушивте сонот на едно дете...“

Супермен

01/02/2022

14:05

12.898

Големина на фонт

а а а

Рускиот тенисер и светски број два, Данил Медведев, не ја криеше разочараноста поради однесувањето на публиката во финалето на Австралија опен, која отворено беше непријателски настроена кон него.

Сега, конечно е објавено видеото поради кое Русинот станал нервозен и потоа одржа емотивен говор на конференцијата по финалето.

На снимката јасно се слушаат навредливите зборови кои Медведев морал да ги слуша во текот на целиот натпревар, со оглед на тоа што судијата не наредил оддалечување на ниту еден од навивачите кои го навредувале тенисерот.

Во еден момент, некои од навивачите почнале да му дофрлаат на Медведев:

„Врати се во Русија!“.

Тоа може да го слушнете на видеото во продолжение:

Треба да кажеме и дека еден дел од публиката бил згрозен со ова однесување, но тоа не го менува фактот дека поголем дел од присутните на натпреварот биле против Медведев.

Русите дофрлале сè и сешто, особено во најдраматичните моменти од натпреварот. Поради сето тоа Русинот двапати влезе во расправа со судијата, но од тоа не доби ништо.

На крајот, беше огорчен и тоа го призна на конференцијата:

„Дете престана да сонува. Доколку има некој турнир во Москва, попрво би играл таму отколку на Ролан Гарос или Вимблдон. Отсега ќе играм само за себе, за своето семејство, да заработам. Денес на едно дете му е уништен сонот“, изјави Медведев.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk