Деновиве ќе видиме бројни познати ѕвезди во најдобри модни комбинации, бидејќи започна уште еден голем моден настан – Модната недела во Њујорк, а на отворањето присуствувала и актерката Пријанка Чопра, која заслужено се најде во центарот на вниманието.
Модните денови неофицијално ги отвори престижната модна куќа „Ралф Лорен“, па Пријанка, како што се очекуваше, се појави во нивна креација во која го привлече вниманието. Таа избра впечатлив елегантен комплет од колекцијата есен/зима 2025, составен од сако со нагласени рамена и широк кафеав ремен околу половината, и лелеаво долго здолниште што ѝ ги скри обувките.
Под сакото не носеше ништо, иако класична кошула би го надополнила аутфитот, но поранешната мисица се решила за смел потег, да ја покаже голата кожа и делумно да ги открие градите.
Таа на модната ревија дојде во друштво на нејзиниот 11 години помлад сопруг Ник Џонас, кој исто така покажа дека ги следи модните трендови и се појави во кафеав костум и кафеави чевли со кафеава вратоврска и бела кошула. Тие беа совршено модно усогласени и трпеливо позираа за собраните фотографи.
„Покажа зошто била Мис на светот“, „Искрено, изгледа фантастично!“, „Секоја година станува сè поубава“, „Изгледа како кукла, прекрасна е“, „Едно е сигурно кога е во прашање Пријанка – таа секогаш ќе воодушеви“, беа дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи за изгледот на Чопра.