Пресимпатично! Тончи Хуљиќ новата песна ѝ ја посветил на внуката, па се пошегувал со Грашо: „Оној твој скржав татко...“

Точка

18/05/2022

12:25

10.428

Големина на фонт

а а а

Тончи Хуљиќ ја објави новата песна и видео запис „Baci oko na mene“, кои ѝ ги посветил на својата внука која ова лето треба да дојде на свет.

Во спотот за новата песна, Хуљиќ ја покажува својата иднина со внуката и предвидува како ќе изгледа нивниот живот - од моментот на раѓање до неговата длабока старост, кога неговата внука е веќе возрасна девојка.

Во една сцена во спотот, внуката на Хуљиќ е возрасна девојка, 2045-та година е, а по русокосата девојка доаѓа момче на мотор.

„Може да ми дадеш малку пари, ми дојде момчето“, му вели девојката на стариот Хуљиќ, кој ѝ дава пари.

„Ќе ти даде дедо, злато мое, сигурно нема да ти даде оној твој скржав татко“, ѝ вели на внуката.

Тончи во спотот се шегува и на своја сметка, а неговата внука во еден момент му вели:

„Еј, дедо, знаеш што вели тато? Дека ниедна песна не би ти била хит, ако тој не ја отпеел“.

Спотот досега е прегледан повеќе од 50.000 пати.

Петар Грашо и ќерката на Тончи, Хана Хуљиќ, ова лето го очекуваат своето прво дете. Како што беше потвредно претходно, тие очекуваат девојче. 

Инаку, Петар Грашо вечерва ќе одржи солистички концерт во Арена Борис Трајковски, со почеток во 21 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг