Ибрахимовиќ прослави со шампањ и пура, па му ја посвети титулата на покојниот пријател: „Би ми рекол да играм уште 10 години и да „украдам“ повеќе пари“

Супермен

23/05/2022

12:26

8.174

Големина на фонт

а а а

„Дојдов да го вратам Милан на врвот и да го освојам Скудетото“, изјави Златан Ибрахимовиќ во јануари 2020 година, по враќањето на Сан Сиро. Росонерите тогаш беа на средина на табелата, а на клубот му беше потребен некој кој ќе го врати неговиот стар сјај.

Тој некој е Златан! Во само 2 години фудбалерот успеа да го врати Милан на врвот на италијанскиот фудбал. Милан вчеравечер го победи Сасуоло (3-0) и ја освои Серија А за првпат по 11 години чекање.

Титулата, Швеѓанецот ја прослави на свој начин - со шампањ и пура. А вистинската забава започна во ситните доцни часови по пристигнувањето на играчите на Пиаза ди Дуомо каде ги дочекале над десетина илјади радосни навивачи.

Главниот забавувач бил токму Ибрахимовиќ, но во мислите му бил човекот кој го сметаше за втор татко, агентот Мино Раиола кој почина минатиот месец. Тој се грижеше за кариерата на Ибра, а овој трофеј го посвети токму на него.

„Ова е за Рајола. Ова е првата титула која ја освоив без него. Сакаше да ме види во Милан, ми рече дека можам да го спасам клубот и да го вратам на највисоко ниво. Што би ме советувал да направам? Да играм уште 10 години и да земам колку што можам повеќе пари“, вели фудбалерот.

Оваа сезона Ибрахимовиќ одигра дури 23 натпревари и постигна 8 голови со 3 асистенции.

„Ова ми е сигурно најдрагиот трофеј. Се сеќавам кога се вратив во клубот и ветив дека ќе го вратам Милан на врвот и ќе го освојам Скудетото. Многумина не ми веруваа и ми се смееја. И ете, прваци сме. Се боревме, работевме многу, патевме. И кога максимално ќе се посветите, се е можно. Многу патев за овој трофеј“, вели Ибрахимовиќ.


Секако, се поставува и прашањето од кое веројатно и самиот се плаши - дали тука е крајот?

„Ќе продолжам да играм ако физички се чувствувам добро. Наскоро ќе донесам одлука, имав многу проблеми, но наскоро ќе одлучам“, заклучил Ибра.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk