Луѓето штотуку го избраа најзгодниот маж на планетата: Дали холивудскиот заводник ја заслужи оваа титула?

Супермен

05/07/2022

12:10

10.901

Големина на фонт

а а а

Кои се најатрактивните мажи на планетата? Токму тоа била темата на анкетата која неодамна била направена на социјалната мрежа „Reddit“, а корисниците можеле да изберат било кој маж којшто им се допаѓа, славни личности, но и измислени ликови од филмовите, сериите или книгите.

Според резултатите на анкетата, на првото место се наоѓа филмскиот Супермен и ѕвездата на Нетфликс хит-серијата „The Witcher“, актерот Хенри Кавил.

На второто место се наоѓа измислениот лик – Арагон од филмската трилогија „The Lord of the Rings“ кој го толкуваше Виго Мортенсен.


На третото место се нашла ѕвездата од серијата „Luther“, актерот Идрис Елба којшто веќе подолго време важи за фаворит за преземање на улогата на најпознатиот шпион на светот - Џејмс Бонд.

На четвртото место се наоѓа актерот Пол Рад којшто и списанието „Peoplе“ го прогласи за најпосакуван мажо на светот, а на петтото место се најде актерот Дени Девито.

Кој е Хенри Кавил?

Хенри Кавил на публиката ѝ е најпознат по улогата на Супермен и Гералт од серијата „Тhe Witcher,  а актерот се најде и на пописот потенцијални кандидати за наредниот Џејмс Бонд, заедно со Идрис Елба, Том Харди...


Миленикот на жените често се наоѓа на бројни листи на најзгодни мажи. Исто така тој бил сместен меѓу 50-те најдобро облечени британски мажи според магазинот „GQ“, а британски „Glamour“ го прогласи за најсексапилен маж на светот.

Магазинот „Empire“ го смести на третото место на листата најсексапилни филмски ѕвезди во 2013 година.

Кавил зад себе има историја на излегување со бројни убавици, но ниту една не успеала да го маѓепса доволно. Тој во 2018 година раскинал со каскадерката Луси Корк, а пред тоа неколку седмици бил во врска со Кајли Куоко.


Исто така тој бил во врска и со Тара Кинг, Мариса Гонзалес, Џина Карано, а бил верен и со професионалната јавачка Елен Витакер, но веридбата ја раскинале во 2011 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk