Јаник Синер не размислува за операцијата: Нашол нова девојка и веќе му го „поматила“ умот

Супермен

24/11/2026

07:40

331

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Јаник Синер деновиве е главна тема во светот на спортот – како поради своите здравствени проблеми, така и поради љубовниот живот.

Вториот тенисер во светот, наводно денес, 24 ноември, ќе биде подложен на операција на десното колено во Финска, а неговото планирано враќање на теренот би можело сериозно да биде загрозено.

Како што пренесуваат одредени италијански медиуми, Синер веќе со месеци има проблеми со десното колено, а во екот на приказните за неговата операција се појави уште една интересна информација поврзана со неговиот љубовен живот.


Познато е дека Синер на своите социјални мрежи ги следи профилите на колешките и колегите од светот на спортот и на познатите јавни личности. Но, меѓу нив неодамна се појавил и профилот на една убавица од Ливорно, како и голем број „лајкови“ што ѝ ги упатил нејзе.


Како што понатаму пренесуваат медиумите, Синер наводно започнал љубовна романса со 25-годишната италијанска манекенка Алича Маџели, и тоа неколку дена откако светот го шокираше веста дека ја раскинал врската со Лаила Хасановиќ.

Синер сè уште не се огласил во врска со овие наводи, па оваа информација и понатаму е на ниво на шпекулации. Во продолжение погледнете ги атрактивните фотографии од неговата потенцијална партнерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk