Поп пејачката Ријана честопати ја шокира јавноста со своите необични, провокативни и бизарни модни комбинации, а токму во една таква се појавила вчера во Њујорк, на вечера со нејзиниот партнер и татко на нејзиното бебе – АСАП Роки.
Пејачката која неодамна доби син со раперот, одбрала крајно невообичаена комбинација за „романтична вечера“.
Бела маица со принт и тексас здолниште толку кратко што едвај ги прекрива интимните делови – ништо необично за Ријана, но детаљот за кој пишуваат светските медиуми се нејзините чизми.
„Oversized“ чизмите кои се високи до самите препони се популарни веќе некое време, а најчесто ги носат пејачките на настапи како Џеј Ло.
Но, она што овојпат се разликува е што чизмите на Ријана, освен што се екстремно високи, се и неверојатно широки, па многумина ги споредиле со гумените чизми кои ги штитат рибарите од вода.
На социјалните мрежи наголемо се одвива полемика за тоа дали ваквите чизми се нешто што ѝ прилега на Ријана, која во минатото сепак повеќе ги воодушевуваше модните критичари со своите комбинации.