Бруклин Бекам го запреле на улица додека возел скапоцен автомобил и го прашале со што се занимава, со оглед на тоа што има таков автомобил.
Тој одговорил дека е готвач, со што предизвикал низа саркастични коментари на социјалните мрежи.
ТикТок и Јујтјуб ѕвездата Даниел Мек, го запрел синот на поранешниот фудбалер Дејвид Бекам и модната дизајнерка Викторија Бекам на улица, додека возел скапоцен „McLaren“.
Мек е познат по тоа што им приоѓа на луѓето кои возат неверојатно скапи автомобили и ги прашува со што се занимаваат во обид да сфати како си дозволиле да имаат таков автомобил.
„Еј! Како заработуваш за живот? Твојот автомобил е прекрасен!“, го прашал Мек, Бруклин.
Исто така, во видеото напишал дека автомобилот којшто го вози Бруклин чини 1, 2 милиони долари и дека истиот е изработен во само 375 примероци.
„Јас сум готвач“, одговорил Бруклин по што Мек го прашал: „Ти си готвач? Реално? Дали ти си, на пример, најдобар готвач на светот?“.
„Се обидувам да бидам“, вели Бруклин, па порачува: „Само следете ги своите страсти. Што и да ве прави среќни, само продолжете да го правите тоа!“.
Ваквиот одговор предизвикал лавина саркастични коментари под видеото, но и на другите социјални мрежи. Поради тоа што Бруклин е син на мултимилионери, многумина истакнале дека од кариерата на готвач не може да заработи пари за скапоцен „McLaren“.
Некои истакнале дека Бруклин „во својот живот не одработил ниту една смена во ресторан“, но и дека е роден во мултимилионерско семејство и дека сега се венча со ќерка на милијардер.