Продаден автомобилот на принцезата Дајана: Црниот "Форд" купен на аукција за повеќе од 750.000 евра

Точка

28/08/2022

13:13

26.183

Големина на фонт

а а а

Во јуни 2021-ва година, уште еден "Ford Escort" кој го возела Дајана е продаден на аукција за 61.300 евра.

Автомобилот кој го користела принцезата од Велс, Дајана, денеска е продаден на аукција за 650.000 фунти (766.000 евра).

Дајана, која загинал пред речиси 25 години во сообраќајна несреќа, три години го користела црниот "Ford Escort rs Turbo".


Како што пренесува "BBC", автомобилот на крајот го продала куќата "Silverstoun Auctions" во Ворвикшир на купувач од градот Чешир.

Почетната цена биле 100.000 фунти и се претворила во дуел меѓу купувачи од Дубаи и Ковентри. Меѓутоа, кога автомобилот достигнал цена од 450.000 фунти, главните понуди пристигнале од купувачи од Чешир и Дубаи, а на крајот победил купувачот од Англија.


Во јуни 2021-ва година, уште еден "Ford Escort" кој го возела Дајана е продаден на аукција за 61.300 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг