(Фото) Посебен модел „Mercedes“ за Федерер: Моќен, жолт „ѕвер“ кој ја симболизира величествената кариера на тенисерот

Супермен

26/09/2022

10:34

6.475

Големина на фонт

а а а

„Mercedes“, кој отсекогаш бил еден од брендовите за кои е важен Рожер Федерер, одлучил да му оддаде почит на швајцарскиот тенисер со посебен модел автомобил кој ја симболизира неговата величествена кариера.

Моделот на автомобил со боја на тениско топче - AMG GT е со четири врати и е креиран посебно во чест на заминувањето на Федерер во пензија.

AMG GT исто така ќе го има логото на Федерер – „RF“, а овој хибрид поседува 4-литарски twin-турбо V-8 електричен мотор со фантастичен број коњски сили (831).


Plug-in хибридниот модел ќе пристигне во САД наредната година, а овој модел забрзува од 0 до 100 км/ч за четири секунди, со електронски ограничена максимална брзина од 304 км/ч.

Потрошувачката и емисијата се 9,3/100 км што е 216 г/км CO2 за GT верзија.

Да ве потсетиме, во својот последен натпревар во кариерата Рожер Федерер не успеа да оствари победа во пар со Рафаел Надал.


Американците Џек Сок и Френсис Тиафо славеле со 2:1 во сетови на Лејвер купот, а по натпреварот Швајцарецот плачеше и не можеше да ги скрие емоциите по простувањето од тенисот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk