Најплатената британска манекенка изгледа сè полошо: Постојано се тресела во текот на ТВ интервју

Точка

26/09/2022

15:32

5.538

Големина на фонт

а а а

Најплатената британска манекенка Кара Делевињ предизвика загриженост кај фановите поради својот изглед и однесувањето на јавни места.

Неодамна Кара била забележана во потполно непрепознатлива состојба на аеродром во Лос Анџелес, а многумина претпоставуваат дека била под дејство на опијати бидејќи едвај стоела на нозе, а кога повеќе не можела да издржи, седнала на клупа.

На нозете носела само чорапи.


Неодамна, во текот на гостувањето во емисијата на Џими Фалон, постојано неконтролирано се тресела.

30-годишната Кара во последно време е сè почесто мета на критики, а нејзините пријатели, како што пишуваат медиумите, ја тераат да побара професионална помош. Манекенката веќе долга низа години се бори со менталните проблеми и алкохолот.

Делевињ неодамна отворено признала дека се бори и со голем стрес и дека не ѝ било лесно растењето покрај мајка која била зависник од хероин. Покрај сето наведено, на Кара ѝ е дијагностицирано и биполарно нарушување.

Под нејзините последни објави на социјалните мрежи, следбениците ја молат манекенката да побара помош додека не е предоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг