Новата сезона на „The Crown“ се фокусира на мрачниот период на кралот Чарлс, палатата изразила загриженост

Точка

26/09/2022

16:40

3.989

Големина на фонт

а а а

Историската драма „The Crown“ која го следи животот на кралицата Елизабета е едно од најпопуларните остварувања на „Netflix“, а по смртта на кралицата нејзината гледаност се зголемила за дури 800 отсто.

Новата сезона нѝ носи увид во најголемата контроверзија на кралското семејство – крахот на Чарлс со Дајана како и аферата со Камила.

Петтата сезона ќе се фокусира на горкиот брак, но и разводот на тогашниот принц и принцезата од Велс и аферата на Чарлс со Камила, негова денешна сопруга и кралица.

Иако некои веројатно веќе се прашуваат, смртта на принцезата Дајана нема да биде прикажана во споменатата сезона.

Идниот монарх го отелотворил актерот Доминик Вест, додека Елизабет Дебицки ќе ја преземе улогата на покојната принцеза од Велс. Снимките од новата сезона, која пристигнува на 9-ти ноември, обожавателите за првпат имаа прилика да ги погледнат овој викенд.

Трејлерот започнува со гласот на новинарот кој вели: „Бакингемската палата го издава ова соопштение: Принцот и принцезата од Велс, за жал, се разделуваат“.

Прикажани се крупни кадри од рацете на Чарлс и Дајана, потоа нивните лица додека извештаите го опишуваат „бунтот во Британија откако принцот Чарлс ја соголил својата душа пред нацијата“, но и моментите кога „принцезата од Велс го надминала во тоа“.


Самиот трејлер предизвика голем интерес и реакции кај публиката, а според пишувањата на странските медиуми, се чини дека Бакингемската палата од која „се шири загриженост“, би можела да преземе чекори за да го заштити новиот монарх.

Имено, тајмингот на излегувањето на серијата не може да биде полош за новиот крал, чија популарност се зголеми по преземањето на тронот, бидејќи ќе ги потсети гледачите на најмрачните години од неговиот живот, кога тој беше најомразениот член на кралското семејство.


Странските медиуми пренесуваат дека висок кралски извор ја нарекол серијата „експлоататорска“, посочувајќи дека „Netflix“ „не се грижи за уништувањето на репутацијата на луѓето“, па дури и за угледот на кралицата.

„Луѓето забораваат дека во центарот на вниманието се вистински човечки суштества и вистински животи“, изјавил изворот за „The Telegraph“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг