(Фото) Нема да ве остави рамнодушни! Кајли Џенер се појавила во Париз во екстремно предизвикувачко издание

Супермен

30/09/2022

22:09

13.111

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер привлекла внимание за време на вечерното излегување во Париз и посетата на тамошната модна недела, појавувајќи се во полупроѕирен фустан.

За излегувањето во главниот град на Франција, Џенер избрала фустан составен од „стратешки“ распоредени парчиња од црвена ткаенина во комбинација со проѕирни мрежести делови.

Полупроѕирниот фустан на ријалити ѕвездата имал и изрез до бутовите, со прилично нагласено деколте.

Припиеното парче облека помогнало да се истакнат нејзините облини и да дојде до израз нејзината завидна фигура.

Таа претходно се појавила во прилично смело издание кое го избрлаа за ревијата на брендот „Schiaparelli“.

Таа се прошетала во долг син фустан со толку ниско деколте, што морала да го држи фустанот додека одела, за да го задржи на место.

Основачката на „Kylie Cosmetics“ изгледала неверојатно во припиениот фустан без прерамки, кој го надополнила со широк црн ѓердан со огромен црн привезок во облик на човечко срце, чија златна верзија била претставена на ревијата на Скиапарели есен/зима 2022/2023 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk