(Видео) Хит реакција на Парис Хилтон откако Тиктокер откри дека ја ограбил: „Никогаш не излегоа од мода...“

Точка

10/10/2022

14:21

4.023

Големина на фонт

а а а

Парис Хилтон очигледно се спријателила со Тиктокерот кој ја ограбил во 2007 година.

Парис снимила видео „One Thing About Me“ со инфлуенсерот Грег Браун, кој објаснил дека еднаш ги украл очилата за сонце на Парис после ноќно излегување.

„Еднаш ја ограбив Парис Хилтон и се надевам дека таа никогаш нема да слушне за тоа, бидејќи би можел да одам во затвор“, вели Браун во своето видео на ТикТок.

Тиктокерот открил дека тоа се случило во 2007 година после еден концерт.

„Беше одлично што си заминав од концертот, а потоа запре голем, црн автомобил и сите луѓе врескаа бидејќи излезе Парис Хилтон“, додава тој.

Браун тврди дека тој и неговиот пријател ја виделе Хилтон како го напушта клубот со нејзината придружба, оставајќи ги двајцата сами со нејзиниот отклучен автомобил без надзор.

Пијани решиле да ѕирнат во возилото и на крајот украле очила за сонце од „Christian Dior“.

„Немаше никого таму, па само влеговме во автомобилот“, се потсетил тој.

Парис побарала од Тиктокерот да ги покаже очилата за сонце кои ги земал од неа, а тој објавил друг дел од видеото на кое ги покажал.

„Се сеќавам на овие очила за сонце. Добро ви стојат, така што можете да ги задржите! П.С. Никогаш не излегоа од мода“, рекла Парис.