Возач на „Буба“ за 54 дена добил 57 казни за пребрзо возење

Супермен

01/11/2022

16:23

4.588

Големина на фонт

а а а

Неславниот рекорд во собирање сообраќајни казни го држи еден возач на „Фолксваген Буба“.

Велшкиот возач Џон Кели во текот на нешто помалку од 2 месеци оваа година бил многу „вреден“ - тој заработил дури 57 казни за пребрзо возење.

Со оглед на тоа што волкав број казни собрал за само 54 дена, тоа значи дека секој ден добивал по барем една казна, а некои денови бил и поплодоносен.

Станува збор за казни кои ги добил од 19-ти февруари до 14-ти април, а сите биле забележани на 4 локации каде максималната дозволена брзина била 50 км/ч., пишува „Eales Online“.


Бидејќи не платил ниту една казна, износот кој Кели го должи се искачил на речиси 47.000 фунти. Тој низ 4-те зони со релативно ниско ограничување на брзината, редовно возел минимум 70 км/ч., а бил снимен и како вози со брзина од 110 км/ч.

Ако се прашувате зошто не продолжил со таквата пракса, одговорот е дека на тој 14-ти април го запрела полиција, која утврдила дека автомобилот не е осигуран, па Кели останал без својата „Буба“.

Со вкупно 57 казни за пребрзо возење и една за поминување на црвено, Кели стигнал до суд, каде му била досудена казна од 46.880 фунти, а притоа добил и 48 казнени поени.

Возачката дозвола му е одземена на 36 месеци.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk