Легендарниот аргентински фудбалер Лионел Меси пред неколку дена ја одржа турнејата „GOAT Tour 2025“ низ Индија, а како знак на благодарност доби ултра редок примерок на часовник.
Меси пристигна минатата сабота во оваа јужноазиска држава на четиридневно патување кое започна во Колката. За време на престојот во Индија, тој ги посети и Хајдерабад, Мумбај и Њу Делхи.

На крајот од турнејата беше поканет да го посети „Vantara Global Wildlife Rescue and Conservation Centre“ во Џамнагар. Центарот е во сопственост на индискиот милијардер Мукеш Амбани, чиј син на Меси му врачи извонреден подарок.
Анант Амбани на поранешната ѕвезда на Барселона и ПСЖ му подари часовник вреден 900.000 фунти, односно нешто повеќе од еден милион евра.
Станува збор за ултра-редок „Richard Mille“, еден од само 12 изработени примероци. Лимитираното издание „RM 003-V2 GMT Tourbillon Asia Edition“ има црно карбонско куќиште и скелетен бројчаник.



Меси беше фотографиран како го носи часовникот, што укажува дека го прифатил љубезниот подарок. Сепак, не помина целата турнеја без проблеми, бидејќи навивачите беа гневни откако Меси се појави на еден од настаните само пет минути.