Наводно оние вработени на кои ќе им се прекине работниот однос ќе добијат инструкции по пат на личен мејл, додека пак оние кои ќе останат во компанијата ќе добијат порака преку Твитер.
Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, со допис ги известил вработените во таа компанија дека денеска ќе започне да ги дели отказите.
Во мејлот којшто бил испратен во четвртокот навечер, вработените се известени дека до петок до 12 часот по источноамериканско време ќе добијат известување за нивниот работен статус, пренесува „CNN“.
„Доколку вашиот работен однос не се прекинува, ќе добиете известување по пат на електронска пошта на Твитер. Доколку вашиот однос се прекинува, ќе добиете известување во наредните чекори по пат на лична електронска пошта“, се наведува во копијата на мејлот од Маск до која дошла „CNN“.
Во мејлот се додава дека „за да се обезбеди безбедноста“ на вработените и Твитер системот, канцелариите на компанијата ќе бидат привремено затворени и дека сите пристапи за ознаки ќе бидат суспендирани.
За работната сила ова ќе биде неверојатно тешко искуство низ кое треба да поминат, се заклучува во пораката.
Дописот следел по медиумскиот извештај дека Маск планира да отпушти околу половина вработени во компанијата.
Милијардерот веќе подели откази не некои од директорите на Твитер веднаш по преземањето на компанијата, меѓу другото и на главниот извршен директор Параг Агравал, директорот за финансии Нед Сегал и шефицата на правната служба и политика.