(Фото) Права ситница! Дејвид Бекам престојувал во стан во Катар кој чини 25 илјади долари од ноќ

Супермен

29/11/2022

16:57

5.228

Големина на фонт

а а а

Дејвид Бекам се одјавил од хотел со пет ѕвезди во Катар по речиси една недела, бидејќи обожавателите откриле каде престојувал.

Поранешната англиска фудбалска ѕвезда уживала во елегантниот и луксузен апартман „Baraha View“ во „Mandarin Oriental“ во Доха, кој чини 25.000 долари од ноќ.


Станот се наоѓа на последниот кат од хотелот, има сопствена трпезарија, сопствен консиерж, тераса, приватен базен и теретана. Сепак, Бекам се откажал од него во текот на викендот, откако се дознало каде престојува во Катар.


Извор од хотелот за британските медиуми открил каков бил престојот на легендарниот фудбалер во Бараха Вју.


„Му се допадна персоналот затоа што сите го почитуваа. Тој воопшто не се гледаше со другите гости, бидејќи имаше прекрасен апартман кој беше како хотел во хотел, што значи дека не мораше да се меша со други луѓе. Беше многу љубезен и шармантен кон персоналот. Дејвид е еден од најпознатите луѓе во светот на фудбалот и ми беше чест што беше овде. Штета што повеќе не е тука, но сигурен сум дека ќе се врати назад. Кој не би сакал да остане овде?“, рекол изворот.


За време на престојот, фудбалскиот ас наводно имал личен готвач и често уживал во прекрасните погледи од луксузниот апартман.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk