Со овој автомобил „Mercedes“ им конкурира на „Bentley“ и „Rolls-Royce“

Точка

13/12/2022

17:13

12.329

Големина на фонт

а а а

За сите на кои „С класата“ во „Maybach“ изведба не им е доволно, пристигнува специјална серија инспирирана од „високата мода“.

Поради тоа не чуди дека во „Mercedes“ оваа серија одлучиле да ја наречат „Haute Voiture“. Серијата е лимитирана на само 150 примероци, а основата е „Maybach S680“, односно најлуксузната изведба на „С класата“. И на овој автомобил, „6.0 B12“ мотор со повеќе од 600 коњски сили е првиот избор.

„Сложените карактеристики и ексклузивните елементи во дизајнот се тоа што „Haute Voiture“ го прават еден од најекстравагантните модели кои некогаш сме ги создале – претставува софистициран луксуз во својот најчист облик“, порачува Горден Вагнер, главен дизајнер во „Mercedes“ и притоа нагласува дека на овој автомобил се користени компоненти какви што никогаш порано не се видени на еден „Maybach“, а уште помалку на „Mercedes“.

Од надвор автомобилот доби двобојна комбинација, која е сочинета од наутички сина боја во горниот дел и нежна виолетова нијанса во долниот дел. Ист стил следат на бандажите, како и самиот ентериер, кој дополнително добива златни и беж детали.


И токму ентериерот асоцира на висока мода со блескави детали и тапацир од ткаенина „Boucle“ со преовладувачка кристално бела кожа. Теписите се направени од комбинација на лен и мохер. Подобрен и „infotainment“ составот „MBUX“, се разбира, исто така во блесок од бои следејќи ги нијансите на ентериерот.

Конечно, секој купувач добива и подарок кутија во која има плоча со редниот број на автомобилот, мала верзија од автомобилот и привезок за клучевите. Тука е и посебната прекривка за автомобилот со логото на „Maybach“.


Цената на оваа изведба не е откриена, но сосема е сигурно дека ќе се движи околу 300.000 евра. Со ова „Maybach“ и тоа како се доближува до понудата на најексклузивните марки како што се „Bentley“ и „Rolls Royce“.