Светската здравствена организација денеска изрази уверување дека состојбата на глобално ниво во борбата против опасните болести ќе се подобри во наредните години.
СЗО изјави дека очекува укинување на глобалната вонредна состојба поради корона, како и неминовен крај на епидемијата на ебола во Уганда.
Во соопштението се нагласува дека пандемијата на коронавирус значително ослабе оваа година, како и дека глобалната епидемија на мајмунски сипаници се намалува и дека во Уганда не се појави нов случај на ебола повеќе од три недели, пренесе Танјуг.