(Видео) „Spanglish“: Џорџина на доделувањето на наградите во Саудиска Арабија зборуваше на англиски - не помина најдобро...

Супермен

23/01/2023

21:46

14.398

Големина на фонт

а а а

Џорџина Родригез, покрај впечатливото модно издание на доделувањето на наградите во Саудиска Арабија, вниманието го привлекла и кога дала интервју на англиски јазик, иако не поминала најдобро.

Џорџина Родригез била гостинка на доделувањето на Joy Awards во Саудиска Арабија, една од најголемите церемонии за доделување награди во регионот во која се одликуваат познатите личности за нивните достигнувања.

На доделувањето, Родригез дала и кратко интервју на англиски јазик, а нејзината нервоза и акцент придонеле нејзините изјави да не бидат толку лесно разбирливи, а многумина се шегуваат со неа на социјалните мрежи.

„Многу ви благодарам. Многу сум среќна за наклонетоста на луѓето и испраќам многу љубов на секој од вас. Ова е сон. Ја сакам Саудиска Арабија, моето семејство и мојот тим“, вели Џорџина.


„Звучи како јас на час по англиски“, „Spanglish“, „Не пропуштајте часови по англиски“, се само дел од коментарите под видеото.

Некои застанале во нејзина одбрана, тврдејќи дека е очигледно дека е нервозна и дека е разбирливо сè што кажува.

Домаќин на Joy Awards е владина институција наречена General Entertainment Authority и е дел од програмата за квалитет на живот Vision 2030, која има за цел да ја позиционира Саудиска Арабија како туристичка дестинација, како и да ги диверзифицира културните, социјалните и забавните активности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk